Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Соопштенија за јавност  |  22.10.2018
Претседателот на Судскиот совет на РМ Зоран Караџовски и членот Влатко Самарџиски на 18 и 19 октомври 2018 година беа дел од делегацијата на РМ што присуствуваше на ...

 СООПШТЕНИЕ

            
     Претседателот на Судскиот совет на РМ  Зоран Караџовски и членот Влатко Самарџиски на 18 и 19 октомври 2018 година беа дел од делегацијата на РМ што присуствуваше на тринаесетиот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација во Брисел. На состанокот се разговараше за актуелните состојби во правосудството, а посебно акцент се стави на неговата независност, редовното финансирање како и други прашања што се во интерес на Комитетот за стабилизација и асоцијација.
     Исто така, претседателот на ССРМ Зоран Караџовски и членот Влатко Самарџиски го посетија и Високиот правосуден совет на Белгија каде што беа запознати со составот на Советот, начинот на функционирање, надлежностите, финансирањето, како и со проблемите со кои се соочуваат и начинот на нивното решавање.