Соопштение
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение
СООПШТЕНИЕ
Претседателот на Судскиот совет на РМ Зоран Караџовски и членот Влатко Самарџиски на 18 и 19 октомври 2018 година беа дел од делегацијата на РМ што присуствуваше на тринаесетиот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација во Брисел. На состанокот се разговараше за актуелните состојби во правосудството, а посебно акцент се стави на неговата независност, редовното финансирање како и други прашања што се во интерес на Комитетот за стабилизација и асоцијација.
Исто така, претседателот на ССРМ Зоран Караџовски и членот Влатко Самарџиски го посетија и Високиот правосуден совет на Белгија каде што беа запознати со составот на Советот, начинот на функционирање, надлежностите, финансирањето, како и со проблемите со кои се соочуваат и начинот на нивното решавање.