Соопштение од 428-та седница на Судскиот совет на РСМ - 25.01.2023 година и 26.01.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 428-та седница на Судскиот совет на РСМ - 25.01.2023 година и 26.01.2023 година

Соопштенија за јавност  |  26.1.2023

 

СООПШТЕНИЕ

   
Судскиот совет на Република Северна Македонија  известува дека  на 428-та седница одржана на ден 25.01.2023 година  и продолжението на 26.01.2023 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:


1.    Усвоени се:

• Записникот од 421-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 07.12.2022 година и продолженија од 12.12.2022 и 16.12.2022 година;

• Записникот од 423-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 20.12.2022 година;

• Записникот од 425-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 21.12.2022 година;

 • Записникот од 426-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 29.12.2022 година и

• Записникот од 427-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 11.01.2023 година;

2.Донесени се одлуки за престанок на судиската функција на судии поради исполнување на услови за старосна пензија и тоа:

- Фаик Арслани –судија на Врховен суд на Република Северна Македонија,

- Дијана Димитрова –судија на  Виш управен суд,

- Беџет Елези-судија на Основен суд Куманово и

- Љубен Биноски –судија на Основен суд Прилеп;

3. Усвоени се Извештаите на Комисијата за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите на кандидати за избор на претседатели на Апелационен суд Скопје, Апелационен суд Штип, Основен суд Берово, Основен суд Битола и Основен суд Крушево и донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Берово и на Основен суд Крушево;

4. Формирани се Комисии за увид и оценка на кандидати по објавени огласи за избор на претседатели на  апелациони судови и основен суд и тоа:

- Комисија за увид и оценка на кандидати по објавени огласи за избор на претседатели на апелациони судови, во состав од:

1. Сафет Кадрии –претседател на Комисија (судија на Врховен суд на РСМ);

2. Владимир Стојаноски –член на Комисија (судија на Врховен суд на РСМ);

3.Цветанка Периќ - член на Комисија (судија на Врховен суд на РСМ);

4.Џемали Саити - член на Комисија (судија на Врховен суд на РСМ);

5. Африм Фидани - член на Комисија (судија на Врховен суд на РСМ);

- Комисија за увид и оценка на кандидати  по објавен оглас за избор на претседател на основен суд на апелационо подрачје  Битола, во состав од:

1.Беким Мехмеди- претседател на Комисија (судија на Апелационен суд Гостивар);

2.Татјана Сусулеска-член на Комисија (судија на Апелационен суд Битола);

3.Ружица Ивановска -член на Комисија (судија на Апелационен суд Битола);

4.Маја Маркова -член на Комисија (судија на Апелационен суд Скопје);

5.Мирјанка Гоцевска Стефановска  - член на Комисија (судија на Апелационен суд Штип);

-Комисија за оценување на работата на судии - кандидати за претседатели на Апелационен суд Скопје, Апелационен суд Штип и Основен суд Битола, во состав од;

1. Миљазим Мустафа –претседател на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);

2.Мирјана Радевска Стефкова – член на Комисијата  (член на Судскиот совет на РСМ);

3.Мирсад Суроји - член на Комисијата  (член на Судскиот совет на РСМ);

5. Усвоени се Предлог оценките на кандидати за претседател на Основен суд Куманово;

6. Усвоен е Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидати  за избор на судии во  повисок суд по изјавени жалби по Предлог ранг листа на кандидати за избор на двајца судии на Апелационен суд Гостивар за кривична област и донесени се одлуки со кои:

-3 (три) жалби се делумно усвоени;

- 1 (една) жалба е одбиена како неоснована;

7. Разгледани се податоци и Функционални анализи во врска со времено упатување на судии за вршење на судиска функција во друг суд и донесени се  одлуки за времено упатување на судии за вршење на судиската функција во друг суд за период од една година од денот на упатувањето и тоа за следните судии:

-судија Теодора  Ефтимовска-Бојковска од Основен суд Гостивар во Основен суд Тетово;

-судија Виолета Крстиновска од Основен суд Ресен во Основен суд Прилеп;

-судија Вулнет Винца од Основен суд Охрид во Основен суд Струга;

8. Усвоени се Насоките за толкување и имплементација на начелата содржани во Етичкиот кодекс за членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија;

9. Усвоен е Годишниот план за јавни набавки за 2023 година;

10.Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:

УПП бр. 417/22; 466/22;
УПП бр. 419/22, 446/22, 459/22, 2/23
УПП бр.352/22, 416/22, 428/22, 440/22, 455/22;
УПП бр.404/22, 443/22, 457/22;
УПП бр.415/22, 422/22, 429/22, 441/22;
УПП бр.274/22, 372/22, 421/22, 435/22, 460/22, 6/23;
УПП бр. 369/22, 395/22, 426/22;
УПП бр.431/22; 454/22;
УПП бр. 447/22, 451/22, 461/22;
УПП бр. 343/22, 408/22, 433/22, 444/22, 458/22, 468/22;
УПП бр.358/22, 405/22, 442/22, 470/22;

Претставките со број УПП бр. 367/22, 411/22, 427/22, 432/22 и 3/23, се одложени за наредна седница.

11. Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд

12. Утврден е престанок на функцијата судија поротник на еден судија поротник на Основен кривичен суд Скопје, поради навршени 60 години.

•    Под точката разно беше разгледано и се расправаше по Барање поднесено од стручни соработници од судовите, при што се заклучи дека Судскиот совет на Република Северна Македонија дава подршка во врска со истакнатите наводи во барањето и во таа насока истото да се достави до Министерството за правда на надлежно постапување.