Виртуелна работилница [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Виртуелна работилница

Njoftim për opinionin  |  14 Maj 2020

ВИРТУЕЛНА РАБОТИЛНИЦА

 

На ден 12.05.2020 година, се одржа  виртуелна работилница преку платформата Interactio заради размена на судски искуства меѓу САД и Северна Македонија на темата „Виртуелни рочишта во Флорида, САД“.

 

На работилницата учестуваа членови на Судскиот совет,  судии од САД и Северна Македонија. Поздравен говор одржа Кејт М. Брнз, Амбасадор на САД во Северна Македонија, а модератор на работилницата беше Челси Б. Шинор, Правен советник, во Амбасада на САД во Скопје.

 

Американското искуство од одржување на  виртуелни рочишта во Флорида, САД  беа презентирани од Лесли Р. Хофман, , Ембри J. Кид и Пол Г. Бајрон, судии од САД.

 

Во текот на работилницата се дискутираше и за македонското искуство при претходна постапка и главна расправа, почитување на правата на обвинетите, правни и логистички пречки за виртуелни рочишта и адресирање на можните проблеми во жалбената постапка.

 

На крајот од работилницата беше заклучено од сите учесници дека ваквиот вид на работилници преку размена на искуства се особено значајни  и дека во иднина може да продолжи оваа соработката.