Соопштение од 252-та седница од 26.04.2017 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 252-та седница од 26.04.2017 година

Соопштенија за јавност  |  26.4.2017
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 252-та седница одржана на ден 26.04.2017 година ги донесе следните одлуки ...

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 252-та седница одржана на ден 26.04.2017 година одлучи за следното:

1. Усвоен е:

  • Записникот од 251-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 10.04.2017 година.

2. Разгледани и усвоени се годишните извештаи за работата на судовите во Република Македонија за 2016 година и тоа за: Врховен суд на Република Македонија, Вишиот управен суд, Управниот суд, апелационото подрачје Битола, апелационото подрачје Гостивар, апелационото подрачје Скопје и апелационото подрачје Штип.

3. Разгледан е Годишниот извештај на Врховниот суд на Република Македонија за утврдените начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единство во примената на законите од страна на судовите.

4. Констатиран е престанок на функција на судии-поротници во Апелационен суд Битола, по предлог на претседателот на судот, поради истек на мандатот за кој се избрани.

Донесена е Одлука за избор на судии-поротници на Апелационен суд Битола.

Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Кочани за Владо Варелов, поради навршени 64 години старост.

5. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Оливера Таталовиќ, судија на Основен суд Тетово, поради навршени 64 години.