Соопштение од 331-та седница на Судски совет на РСМ - 4.02.2020 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 331-та седница на Судски совет на РСМ - 4.02.2020 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 331-та седница на ден 4.02.2020 година, одлучи за следното:
1.Донесен е Правилник за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд.
2.Донесена е Одлука за формирање на Комисија за рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд.
3.Донесена е Одлука за изменување и дополнување на Годишен план за јавни набавки во 2020 година.
4.Разгледан и усвоен е Извештајот на Комисијата за проверка на знаењето на практичната работа со компјутери на кандидатите за судии во основните судови на РСМ.
5.Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Љубомир Бошевски, судија на Апелационен суд Битола, поради исполнување на услови за старосна пензија.