Соопштение од продолжение на 330-та седница на Судски совет на РСМ - 17.02.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од продолжение на 330-та седница на Судски совет на РСМ - 17.02.2020 година

Соопштенија за јавност  |  17.2.2020


СООПШТЕНИЕ

              Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на продолжението на 330-та седница одржана на ден 17.02.2020 година, одлучи за следното:

9.Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Македонија и одлучи за следните претставки:

• УПП.бр.420/19, 434/19, 472/19, 476/19;
• УПП.бр.441/18, 190/19, 244/19, 374/19, 497/19, 547/19;
• УПП.бр.469/19, 486/19, 510/19, 540/19, 19/20;
• УПП.бр.468/19, 495/19, 516/19, 517/19, 518/19, 556/19.

  Претставките: УПП.бр. 402/19, 418/19, 431/19, 447/19, 465/19, 471/19, 480/19, 491/19, 519/19, 542/19 и 564/19 се повлечени и одложени за наредна седница за претставки.  

10.Донесена е Одлука за избор на судии-поротници во Апелационен суд Гостивар.

   Донесена е Одлука за именување на двајца членови и нивни заменици од редот на судиите во Дисциплинскиот орган на Нотарска комора на Република Северна Македонија, и тоа:

• Член - Илир Сулејмани, претседател на Основен граѓански суд Скопје;
• Заменик член - Неџат Мемети, судија на Основен суд Куманово;
• Член -  Александар Цацков, судија на Основен суд Штип со Одделение во Пробиштип;
• Заменик член - Зоран Герасимовски, судија на Апелационен суд Скопје.

   Донесена е Одлука за именување на м-р Селим Адеми, член на Судски совет на Република Северна Македонија во Комисија за спроведување на конкурс за именување на нотари.