Соопштение за 317-та седница на Судски совет на РСМ - 10.09.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за 317-та седница на Судски совет на РСМ - 10.09.2019 година

Соопштенија за јавност  |  02.9.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 10.09.2019 година (вторник) со почеток во 10,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија...

СООПШТЕНИЕ

            Седницата ќе се одржи на ден 10.09.2019 година (вторник) со почеток во 10,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

За 317-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 10.09.2019 година, со почеток во 10,00 часот

1.Усвојување на:
  • Записник од 314-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 10.07.2019 година и 11.07.2019 година;
  • Записник од 315-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 17.07.2019 година.

2.Донесување на одлуки за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот, согласно Законот за судови.

3.Донесување на Oдлука за избор на 1 (еден) судија на Врховен суд на Република Северна Македонија – кривична област, по оглас бр.08-1724/1 од 20.12.2017 година.

4.Донесување на Одлука за објавување на Оглас за избор на 4 (четири) судии на Врховен суд на Република Северна Македонија за граѓанска област.

5.Разгледување и оценување на извештаите за работата на судовите во Република Северна Македонија за второ тромесечие за 2019 година.

6.Разгледување на Извештајот на Комисијата во повторената постапка по повод конечната пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

7.Расправа по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

8.Одлучување по жалба поднесена против решението за времено оддалечување на судија од вршење на судиската функција.

9.Разно.

                 Седницата под точките „6“, „7“ и „8“ од Дневниот ред не е јавна.