Соопштение од 202-та седница на Судски буџетски совет - 06.06.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 202-та седница на Судски буџетски совет - 06.06.2023 година

Соопштенија за јавност  |  07.6.2023

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 202-та седница одржана на ден 06.06.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет донесе повеќе заклучоци и усвои:

 

  1. Записник од 200-та седица на Судски буџетски совет одржана на ден 05.05.2023 година;
  2. Разгледа барање од Здружение на Судска администрација од 25.05.2023 година;
  3. Усвои Одлука дека не се обезбедени финасиски средства за исплата на додатоци на плата за месец мај 2023 година, врз основа на укажувањето од Министерството за финансии дека во буџетот на судската власт нема фискален простор за исплата на додатоци на плата за месец мај, со објаснување дека согласно прописите од буџетското работење не треба да се преземаат обврски над лимитот од одобрените средства со буџетот;
  4. Предлог Одлуката за измена и дополнување на Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2023 година беше одложена за наредна седница;
  5. Разгледа Информација во врска со реализација на барањата за вработување на единките корисници на судска власт по донесената Одлука на Уставен суд У.бр.113/2022 од 21.03.2023 година од аспект на обезбедените средства за катерија 40-Плати и надоместоци во Буџетот на судската власт за 2023 година.