Работна средба со Амбасадорот на Јапонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Работна средба со Амбасадорот на Јапонија
Соопштенија за јавност
|
23.9.2024
Работна средба со Амбасадорот на Јапонија
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева оствари работна средба со Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. г-дин Оцука Казуја. На работната средба присуствуваше и Заменик шеф на мисијата, г-ѓа Терујо Шимасаки-Деси.
Од страна на Претседателката Дамева беше изразена искрена благодарност за интересот и изразената желба на Амбасадорот на Јапонија да биде запознат со состојбите во Судскиот совет и судството воопшто, поставеноста и функционирањето на Судскиот совет, како и надлежностите на Судскиот совет и преземените активности во рамки на својата надлежност.
Амбасадорот на Јапонија Оцука ја истакна подготвеноста на Јапонија за континуираната поддршка на нашата земја во реформскиот процес за интеграција во ЕУ, ставајќи и акцент и на поддршката и на судската власт.
На средбата беше изразена заедничката волја за воспоставуање на понатамошна соработка во делот на судството.