Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Соопштенија за јавност  |  16.7.2018
На 16.07.2018 година во просториите на Судски совет на Република Македонија, претседателот на ССРМ Зоран Караџовски и заменик претседателот Шемседин Јусуфи остварија работна средба со делегација предводена од експертот на Совет на Европа Ѓуро Сеса по повод...

 СООПШТЕНИЕ

    
       На 16.07.2018 година во просториите на Судски совет на Република Македонија, претседателот на ССРМ Зоран Караџовски и заменик претседателот Шемседин Јусуфи остварија работна средба со делегација предводена од експертот на Совет на Европа Ѓуро Сеса по повод Стратешките реформи во судскиот сектор. Делегацијата беше составена и од Моника Мартинез – главен оперативен и програмски менаџер на канцеларијата на Совет на Европа, Рита Мараскалчи – проектен менаџер на Совет на Европа, Анамарија Митровска - проектен асистент и Анабел Регал – програмски менаџер, правда и антикорупција.
    Експертот на Советот на Европа Ѓуро Сеса во соработка со Судскиот совет на РМ, по извршената анализа ќе предложи соодветни законски решенија за подобрување на правната регулатива на Законот за судовите и Законот за Судски совет на Република Македонија. На работниот состанок акцентот беше ставен на начинот на оценување на судиите, видот на дисциплинските повреди и процесните правила за водење на дисциплинска постапка за утврдување на одговорност на судија.