Соопштение од 203-та седница на Судски буџетски совет - 26.06.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 203-та седница на Судски буџетски совет - 26.06.2023 година

Соопштенија за јавност  |  26.6.2023

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 203-та седница одржана на ден 26.06.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет донесе повеќе заклучоци и усвои:

 

1. Kорекција на Записник од 200-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 05.05.2023 година;
 

2. Записник од 201-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 22.05.2023 година;

Усвојувањето на Записникот од 202-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 06.06.2023 година беше одложено за наредна седница;

 

3. Советот ја разгледа Анализата за потребни средства за  пренамена на средства со цел обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за вработените во администрацијата во судската власт, по што беше дополнет дневниот ред по оваа точка со предлог  Одлука за пренамена на средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2023 година во висина од 20% за вработените на Судскиот совет на Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители и 5% за судските службеници. Одлуката  беше усвоена од страна на СБС и истата ќе се достави до Министерството за финансии на одобрување.
 

4. Одлука за измена и дополнување на Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2023 година;

 

5. Одлука за формирање на работна група за учество во спроведување и реализација на целосната постапка за обновување, доградба, поправка и уредување на пасивната мрежна опрема во судскиот систем на Република Северна Македонија;

 

6. Одлука со која го усвои барањето за пренамена на средства бр.05-297/1 од 12.06.2023 година од Академија за судии и јавни обвинители;

 

7. Одлука со која го усвои барањето за проширување на квартален финансиски план на расходи бр.05-49/3 од 12.06.2023 год. од Академија за судии и јавни обвинители.