Соопштение од 303-та седница одржана на ден 17.04.2019 и 18.04.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 303-та седница одржана на ден 17.04.2019 и 18.04.2019 година

Соопштенија за јавност  |  18.4.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 303-та седница одржана на ден 17.04.2019 година и продолжението на ден 18.04.2019 година, одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

    

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 303-та седница одржана на ден 17.04.2019 година и продолжението на ден 18.04.2019 година, одлучи за следното:
 
1.    Усвоени се:
•    Записникот од 299-та седница на Судскиот совет на РСМ од 27.02.2019 година;
•    Записникот од 300-та седница на Судскиот совет на РСМ од 27.02.2019 година и 28.02.2019 година.

2.    Донесена е Одлука за формирање на Комисија за спроведување на постапка за избор на претседател и заменик претседател на Судскиот совет на РСМ.

3.    М-р Мери Дика Георгиевска, судија на Апелациониот суд Скопје е предложена за член на Комисијата за завршен испит за шестата генерација слушатели на почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители.

4.    Разгледани и усвоени се годишните извештаи за работата на судовите во Република Северна Македонија за 2018 година и тоа за: Врховен суд на Република Северна Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.

5.    Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и одлучи за следните претставки:

-    УПП.бр.871/18, 63/19, 76/19, 108/19, 121/19;
-    УПП.бр.823/18, 841/18, 64/19, 77/19, 99/19, 109/19;
-    УПП.бр.524/18, 801/18, 810/18, 14/19, 135/19;
-    УПП.бр.755/18, 765/18, 826/18, 30/19, 83/19;
-    УПП.бр.832/18, 158/19;
-    УПП.бр.710/18, 811/18, 821/18, 842/18;
-    УПП.бр.112/19, 123/19, 148/19, 160/19;
-    УПП.бр.132/18, 441/18, 75/19, 128/19, 143/19;
-    УПП.бр.830/18, 80/19, 96/19, 107/19, 119/19, 131/19, 159/19;
-    УПП.бр.115/19, 141/19;
-    УПП.бр.59/19, 91/19, 122/19.

 Расправата по претставките: УПП.бр. 56/19, 86/19, 97/19, 117/19 и  147/19 е одложена.

6.    Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Велче Панчевски, судија на Апелационен суд Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.

Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Јоска Матески, судија на Апелационен суд Битола, поради исполнување на услови за старосна пензија.

Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Скопје 1 Скопје за Зоран Јовановски од Скопје, по сопствено барање.