Соопштение од 286-та седница одржана на ден 30.10.2018 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 286-та седница одржана на ден 30.10.2018 година

Соопштенија за јавност  |  31.10.2018
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 286-та седница одржана на ден 30.10.2018 година, одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

               Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 286-та седница одржана на ден 30.10.2018 година, одлучи за следното:

1. Усвоен е:
•    Записникот од 284-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 18.09.2018 година.

2. Усвоени се конечните ранг листи на кандидатите за претседатели на Апелационен суд Скопје и Основен суд Дебар.

3. Донесени се одлуки за избор на претседатели, по одлука бр.08-1723/1 од 20.12.2017 година, и тоа:

  • Одлукa за избор на Претседател на Апелационен суд Скопје на Лидија Димчевска, судија на Апелациониот суд Скопје.
  • Одлукa за избор на Претседател на Основен суд Дебар на Илир Исени, судија на Основниот суд Дебар.

4. Усвоени се конечните ранг листи на кандидатите за судија на Апелационен суд Скопје.

5. Донесена е Одлука за избор на судија, по одлука бр.08-1724/1 од 20.12.2017 година, и тоа:

  • Одлукa за избор на судија на Апелационен суд Скопје за кривична област на Лирие Елези Ајрулаху, судија на Основниот суд Скопје 1 Скопје.

6. Разгледан е Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2017 година на  Судскиот совет на Република Македонија.

7. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Снежана Николовска, судија на Основен суд Велес, поради исполнување на услови за старосна пензија.