Соопштение од 366-та седница на Судски совет на РСМ - 11.03.2021 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 366-та седница на Судски совет на РСМ - 11.03.2021 година

Соопштенија за јавност  |  11.3.2021

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 366-та седница одржана на ден 11.03.2021 година, одлучи за следното:

 

  1. Усвоен е:
  • Записникот од 353-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 23.11.2020 година.
  • Записникот од 362-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 12.02.2021 година.
  1. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на 3 (тројца) судии во Основниот кривичен суд Скопје, 3 (тројца) судии во Основниот граѓански суд Скопје, 1 (еден) судија во Основниот суд Берово, 1 (еден) судија во Основниот суд Виница и 1 (еден) судија во Основниот суд Крушево. 
  1. Донесена е Одлука со која времено се упатува за вршење на судиската функција на судија Дара Арсова од Основен суд Велес во Основен суд Кавадарци, најдолго за период од 1 година.

    4. Донесена е  Одлука за избор на судии поротници на Основен суд Ресен. 

  1. Донесена е Одлука со која е утврдено правото на надомест на закупнина на стан за судија кој живее во една а судиската функција ја извршува во друга општина. 
  1. Постапено е по барање за повторување на постапка и формирана е Комисија. 
  1. Донесена е Одлука со која е продолжена постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

Донесена е Одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката. 

  1. Формирани се Комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. 
  1. Разно.