Соопштение од 387-та седница на Судски совет на РСМ - 16.11.2021 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 387-та седница на Судски совет на РСМ - 16.11.2021 година

Соопштенија за јавност  |  17.11.2021

 

СООПШТЕНИЕ

 

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 387-та седница одржана на 16.11.2021 година, одлучи за следното:

Усвоени се: Записник од 376-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 24.06.2021 година; Записник од 384-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 13.10.2021 година и Записник од 385-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 20.10.2021 година;

За заменик претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија избран е м-р Селим Адеми, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија;

Донесена е Одлука со која Спиро Борисов, судија на Основен суд Кочани времено се упатува за вршење на судиската функција во Основен суд Виница за период од 6 месеци од денот на упатувањето;

Судскиот совет констатираше престанок на функцијата на тројца судии поротници на Основен суд Струга поради истек на мандатот за кој се избрани и на еден судија поротник на Основен кривичен суд Скопје поради навршени 60 години старост;

Донесени се одлуки по поднесени барања за надомест на трошоци за превоз за еден судија на Основен суд Велес кој е времено упатен во Основен суд Неготино и за еден судија на Основен суд Прилеп кој е времено упатен во Основен суд Крушево;

Разгледaно е известувањето од Основен граѓански суд Скопје за потребата од судии на одделот за работни спорови;

Формирани се комисии  на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;

Донесена е одлука со која се одбива како неоснован приговорот на судија на Основен суд Кичево во врска со донесена Одлука за распределба на предмет  во судот.