Соопштение од 369-та седница на Судски совет на РСМ - 12.04.2021 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 369-та седница на Судски совет на РСМ - 12.04.2021 година

Соопштенија за јавност  |  12.4.2021

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 369-та седница  одржана на ден 12.04.2021 година,  го дополни Дневниот ред  и одлучи за следното:

 

  1. Усвоен е:
  • Записникот од 364-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 24.02.2021 година.
  • Записникот од 365-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 26.02.2021 година.
  1. Донесена е Одлука со која  е утвдено мирување на судиската фунција на Илир Исени судија на ОС Дебар, за време додека ја врши функцијата заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
  • Донесена е Одлука со која Мерсим Марку судија на Основен Суд Дебар е определен за вршител на должноста претседател на Основен Суд Дебар.
  • Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Дебар.
  1. Донесени се Oдлуки за престанoк на судии поротници во Основен суд Тетово и Основен граѓански суд Скопје.
  2. Донесени се Oдлуки за престанoк на судии поротници во Основен суд Куманово и Основен суд Радовиш и донесени се Одлуки за избор на судии поротници во Основен суд Куманово и Основен суд Радовиш.
  3. Донесена е Одлука со која е утврдено правото на надомест на патни трошоци за судија кој живее во една а судиската функција ја извршува во друга општина.  
  4. Разгледани и оценети се годишните извештаи за работа на судовите во Република Северна Македонија за 2020 година.
  5. Советот по расправата за Извештајот на Комисијата на известители оцени дека е потребна доработка на предметот и предметот го врати на Комисијата која е должна да достави дополнителен извештај до Советот.
  6. Формирани се Комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
  7. Разно.