Соопштение од 369-та седница на Судски совет на РСМ - 12.04.2021 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 369-та седница на Судски совет на РСМ - 12.04.2021 година
Соопштенија за јавност
|
12.4.2021
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 369-та седница одржана на ден 12.04.2021 година, го дополни Дневниот ред и одлучи за следното:
- Усвоен е:
- Записникот од 364-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 24.02.2021 година.
- Записникот од 365-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 26.02.2021 година.
- Донесена е Одлука со која е утвдено мирување на судиската фунција на Илир Исени судија на ОС Дебар, за време додека ја врши функцијата заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
- Донесена е Одлука со која Мерсим Марку судија на Основен Суд Дебар е определен за вршител на должноста претседател на Основен Суд Дебар.
- Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Дебар.
- Донесени се Oдлуки за престанoк на судии поротници во Основен суд Тетово и Основен граѓански суд Скопје.
- Донесени се Oдлуки за престанoк на судии поротници во Основен суд Куманово и Основен суд Радовиш и донесени се Одлуки за избор на судии поротници во Основен суд Куманово и Основен суд Радовиш.
- Донесена е Одлука со која е утврдено правото на надомест на патни трошоци за судија кој живее во една а судиската функција ја извршува во друга општина.
- Разгледани и оценети се годишните извештаи за работа на судовите во Република Северна Македонија за 2020 година.
- Советот по расправата за Извештајот на Комисијата на известители оцени дека е потребна доработка на предметот и предметот го врати на Комисијата која е должна да достави дополнителен извештај до Советот.
- Формирани се Комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
- Разно.