Соопштение од 260-та седница од 20.07.2017 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 260-та седница од 20.07.2017 година

Соопштенија за јавност  |  20.7.2017
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 260-та седница одржана на ден 20.07.2017 година ги донесе следните одлуки ...

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 260-та седница одржана на ден 20.07.2017 година одлучи за следното:

1. Усвоени се:

  • Записникот од 256-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 20.06.2017 година;
  • Записникот од 257-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 21.06.2017 година;
  • Записникот од 259-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 28.06.2017 година.

2. Донесена е Одлука за објавување Оглас за избор на претседатели на судови и тоа:

  • Апелационен суд Штип;
  • Основен суд Скопје 1 Скопје;
  • Основен суд Куманово;
  • Основен суд Тетово;
  • Основен суд Дебар и
  • Основен суд Ресен.

Донесена е Одлука за објавување Оглас за избор на судии и тоа:

  • 2 (двајца) судии во Врховен суд на Република Македонија за кривична област;
  • 4 (четири) судии во Апелационен суд Скопје – 2 (двајца) за кривична област и 2 (двајца) за граѓанска област и
  • 1 (еден) судија во Апелационен суд Битола за кривична област.

3. Донесена е Одлука со која е определен известител од редот на членовите на Судски совет на Република Македонија по поднесено Барање за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција од Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.

4. Донесен е Заклучок да се побара мислење од претседателите на судовите и Советот на судска служба за утврдување распоред за работно време во судовите во Република Македонија.

5. Донесена е Одлука по приговорот изјавен од судијата Благица Миладиноска Цонева од Основен суд Гевгелија

6. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Зирап Лимани, судија на Врховен суд на Република Македонија, поради навршени 64 години.