Соопштение од 494-та седница на Судскиот совет на РСМ - 05.08.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 494-та седница на Судскиот совет на РСМ - 05.08.2024 година

Соопштенија за јавност  |  05.8.2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 494 –та седница одржана на ден 05.08.2024 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното :

  1.  

- Усвоен е Записникот од 489-та седница на Судскиот совет на РСМ од 03.06.2024 година.

- Усвоен е со забелешки Записникот од 490-та седница на Судскиот совет на РСМ од 10.06.2024 година.

  1. Утврден е престанок на судиската функција на Анита Данилова, судија на Виш управен суд, поради исполнување на услови за старосна пензија.
  2. Утврден е престанок на судиската функција на Светлана Поповска, судија на Основен суд Струга,  по сопствено барање.
  3. Донесена е Одлука со која Виолета Илиевска, судија на Вишиот управен суд е определена за ВД претседател на Виш управен суд.
  4. Донесена е Одлука со која  Темјана Ивановска и Александар Стојановиќ се избрани за судии поротници на Апелациониот суд Скопје.
  5. Донесена е одлука за Измена и дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2024 година  и тоа:

-.Поправка на ладилен агрегат – чилер,

- Снимање на јавни седници и емитување (стримување) во живо,

  • .Превентивно и адаптивно одржување на 2 (две) софтверски апликации калкулирање на битни/суштествени укинати предмети и пренос на податоци, и регистрација на сите детали за норма и ефективно време и промена на логика на оценување.
  1. Поради неколку нереализирани огласи за вработување на административен службеник на работно место ИТ инжинер на кој не се пријавуваа кандидати се  донесе Одлука за  измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Судскиот совет на РСМ, така што во делот на вид на образование после зборовите  „Информатика и  комјутерска техника и информатика“ се додаваат и зборовите „ или електроника и телекомуникации“.
  2. Утврдена е единствена посебна  листа за кандидат од  редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20% од населението во РСМ, на  која кандидат е Џенета Бектовиќ, судија на Основниот кривичен суд Скопје,
  3. Донесена е Одлука со која е заклучен Судскиот изборен именик и утврдено е  дека на огласот за избор на член на Советот од  редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20% од населението во РСМ, ќе гласаат вкупно  369 судии  во сите судови во РСМ.
  4. Донесено е Решение со кое 04.09.2024 година,  е определен за ден кога ќе се спроведе изборот на член на Советот од  редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20% од населението во РСМ.
  5. Донесена е Одлука со која  се усвојува барањето на судија за јавност на целокупниот тек на постапката  по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
  6. Формирана е Комисија за констатирање на состојба по предмет во состав од:  м-р Антоанета Димовска, Исамедин Лимани и м-р Тања Чачарова Илиевска, кои се задолжени да ја констатираат состојбата по предметот и да изготват Извештај кој ќе го достават на разгледување до Советот.
  7. Формирани се комисии на известители по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.
  8. Донесена е Одлука за промена на подносител на барање во врска со поднесено барање за поведување на постапка за одговорност на судија, бидејќи  во постапката во својство на подносител на барање се јавува член на Советот на кој му истекува мандатот.
  9. Саша Ѓорѓевиќ, судија на Основен суд Куманово е номиниран за член Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција.

 

Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк: 

https://www.youtube.com/watch?v=ER8Q4hAxbtQ