Соопштение од 389-та седница на Судски совет на РСМ - 06.12.2021 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 389-та седница на Судски совет на РСМ - 06.12.2021 година
Соопштенија за јавност
|
06.12.2021
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 389-та седница одржана на ден 06.12.2021 година го измени дневниот ред и одлучи за следното:
- Усвоен е:
Записникот од 386-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 08.11.2021 година.
- Усвоен е приговорот против Одлуката за измена и дополнување на годишниот распоред за работа на Основниот суд Велес поднесен од судија на Основен суд Велес.
- За судии поротници на Основен суд Струга избрани се:
- Благовесна Трајкоска;
- Јованка Шопоска;
- Валдете Далипи и
- Никола Докоски.
- Усвоено е барањето за мирување на судиска функција на судија на Врховниот суд на РСМ.
- Постапката по едно барање за утврдување одговорност на судии е продолжена.
- Постапката по едно барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд е запрена.
- Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
- Со решение на Судскиот совет се утврди престанок на судиската функција на Нада Иванова, судија на Управниот суд поради исполнување на услови за старосна пензија.