Соопштение од 213-та седница на Судски буџетски совет - 23.11.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 213-та седница на Судски буџетски совет - 23.11.2023 година

Соопштенија за јавност  |  23.11.2023

 

СООПШТЕНИЕ

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 213-та седница одржана на ден 23.11.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет донесе повеќе заклучоци и усвои:

  1. Записник од 211-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 19.10.2023 година и Записник од 212-та седница одржана на ден  26.10.2023 година;
  2. Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец ноември 2023 година во висина од 10% за судските службеници и вработените во Судски совет на РСМ;
  3. Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец ноември 2023 година за членовите на Судски совет на РСМ и судиите;
  4. Разгледа мислење на Министерство за финансии бр.08-7556/35-1 од 19.10.2023 година во врска со Единствен годишен план за вработување за 2024 година и усвои предлог распределба на работни места за 2024 година;
  5. Усвои Одлука за измена и дополнителна распределба на средства  од Буџет за 2023 година за раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за категорија 42-Стоки и услуги;
  6. Разгледа Информација за пристигнати спогодби за исплата на застарени долгови за хрaна, превоз и бонус плата за припадници на судска полиција и усвои заклучок во врска со обезбедување средства за реализација на овие права;
  7. Усвои Одлука за пренамена на средства од Буџет за 2023 година за раздел 29010-Судска власт, програма 30-Академија за судии и јавни обвинители за категорија 42-Стоки и услуги;
  8. Разгледа и усвои Барање од Здружение на судска администрација за спогодбена исплата на разлика за минат труд;
  9. Разгледа допис на Министерство за правда бр.08-808/2 од 03.11.2023 година во врска со висината на надоместоците на судиите поротници и усвои заклучок да се побараат податоци од судовите со цел да се изготви проекција за измена на износите и истата да се достави до Министерството за правда;
  10. Разгледа барања за вработувања по основ на мобилност со преземање на судски службеници без јавен оглас во АС Скопје, Управен суд  и ОС Дебар и даде согласност за истите;
  11. Разгледа работна верзија на Предлог Законот за судска служба, заедно со Барање од информатичарите од судовите во врска со регулирање на нивниот статус во предлог законското решение и даде поддршка за истото;
  12. Разгледа одговор од Судскиот совет на РСМ во врска со допис бр.03-1101/2 од 26.10.2023 година.