Соопштение од 294-та седница одржана на ден 9.01.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 294-та седница одржана на ден 9.01.2019 година

Соопштенија за јавност  |  09.1.2019
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 294-та седница одржана на ден 9.01.2019 година, одлучи за ...

СООПШТЕНИЕ

                               

      Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 294-та седница одржана на ден 9.01.2019 година, одлучи за следното:

1.    Усвоени се:
•    Записникот од 288-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 30.10.2018 година,  31.10.2018 година  и 05.11.2018 година;
•    Записникот од 291-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 28.11.2018  година.

2.    Претседателот на Судски совет на Република Македонија побара мислење од членовите на Судскиот совет на Република Македонија по Предлог годишниот распоред за работа на Судскиот совет на Република Македонија за 2019 година.

3.    Донесена е Годишната програма за работа на Судскиот совет на Република Македонија за 2019 година со Акциски план.

4.    Усвоена е конечната ранг листа на кандидатите за претседател на Основен суд Крушево.

5.    Лидија Андреска судија на Основен суд Крушево е избрана за претседател на Основен суд Крушево.

6.    Усвоена е конечна ранг листа на кандидатите за претседател на Основен суд Берово.

7.    Ленка Симевска судија на Основен суд Берово е избрана за претседател на Основен суд Берово.

8.    Во Комисијата за спроведување конкурси за именување на нотари предложен е членот Виолета Богојеска.

Во второстепениот дисциплински орган во Нотарската комора на РМ предложени се судиите Ханиф Зендели од АС Гостивар, Бошко Богдановски од АС Битола и Наке Георгиев од АС Штип.

9.    Разгледан е Извештајот од спроведениот избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите по огласот објавен во „Службен весник на РМ“ бр.178/18 од 24.09.2018 година.

10.    Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на 2 (двајца) судии во Управниот суд.

11.    Донесени се одлуки за изменување и дополнување на одлуките за формирање на комисии за утврдување на одговорност за судија или претседател на суд.

12.    Донесена е Одлука за измена и дополнување на одлуките за формирање на комисии по поднесените барања за повторување на постапките по повод конечните пресуди на Европскиот суд за човекови права.