СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  03.10.2025

Судскиот совет на Република Северна Македонија по спроведена постапка за утврдување на одговорност на судијата Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд Скопје на седницата одржана на ден 26.05.2025 година донесе Одлука со која судијата Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд Скопје се разрешува од вршење на судиската функција.

Одлуката на Судскиот совет беше обжалена од страна на судијата Енвер Беџети до Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седница одржана на ден 03.09.2025 година донел решение ОСЖ-4/25 со кое ГО ПОТВРДУВА решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 26.05.2025 година .

Решението на Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Врховниот суд на Република Северна Македонија со кое е одлучено по жалбата поднесена од Енвер Беџети судија на Апелациониот суд Скопје е доставено и примено од Судскиот совет на ден 22.09.2025 година.

Судскиот совет на Република Северна Македонија има законска обврска одлуката за разрешување на судија да ја објави на својата веб страна и во “Службен весник на РСМ“ по правосилно завршување на постапката .

Одлуката за разрешување на судијата Енвер Беџети, Судскиот совет на Република Северна Македонија ја објави на својата веб страна и во “Службен весник на РСМ“ бр. 197/25 од 24.09.2025година.