Работен состанок на членови на Судскиот совет со судии од Узбекистан [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работен состанок на членови на Судскиот совет со судии од Узбекистан

Press realeses  |  Nov 10, 2022

  

Работен состанок на членови на Судскиот совет со судии од Узбекистан

                Судии од Узбекистан имаа работна посета на Судскиот совет на Република Северна Македонија со цел да се запознаат со улогата, функционирањето и надлежностите на органот задолжен за избор, унапредување и разрешување на судии. Заменик претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми, заедно со членови на Советот ги запознаа судиите од Узбекистан со начинот на кој функционира Судскиот совет во правец на обезбедување независно судство и владеење на правото.

                Гостите се интересираа за процедурите и критериумите при избор на судии, нивното унапредување во кариерата, како и постапката за разрешување, при што им беше пренесено дека тие три процеси во Судскиот совет се одвиваат според законските процедури со почитување на критериумите и законитоста на постапките со цел да се изберат или унапредат најдобрите кандидати, како и да се санкционираат оние судии кои направиле грешки или пропуст при водењето на одреден судски случај. Сите активности на Судскиот совет во овој дел се во правец да се изберат квалитетни судии кои имаат интегритет и знаење преку кои се гради функционален и објективен судски систем, а со крајна цел да се врати довербата на граѓаните. На состанокот присуствуваше и претставник на ОБСЕ.