Соопштение од 415-та седница на Судскиот совет на РСМ - 07.09.2022 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 415-та седница на Судскиот совет на РСМ - 07.09.2022 година

Соопштенија за јавност  |  07.9.2022
СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на  415-та седница одржана на ден 07.09.2022 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:

 

1. Усвоени се:
- Записникот од 399-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 05.04.2022 година и
- Записникот од 400-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 07.04.2022 година;
2. Усвоена е Програма со акционен план за превенција и следење на корупцијата во судството 2022-2025;
3.Формирана е Комисија за навременост на пријавите за комплетност на документите во врска со објавени огласи за избор на претседатели на судови;
4. Донесена е Одлука за престанок на функцијата судија поротник на Апелационен суд Скопје по сопствено барање и за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Гостивар поради истек на мандат;
5. Констатиран е престанок на судиска функција на судија Татјана Клинчарска од Основен граѓански суд Скопје поради исполнување на услови за старосна пензија;
6. Расправаше по Извештајот за констатирана фактичка состојба по барање за поведување постапка за одговорност на судии/претседател на суд и постапката по барањето е запрена.