Соопштение од 341-та седница на Судски совет на РСМ - 10.06.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 341-та седница на Судски совет на РСМ - 10.06.2020 година

Njoftim për opinionin  |  10 Qer 2020

СООПШТЕНИЕ

       Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 341-та седница одржана на ден 10.06.2020 година, одлучи за следното:

1.Усвоен е:
• Записникот од 330-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 29.01.2020 година со продолжение од 17.02.2020 година.

2.Донесена е Одлука за избор на судии-поротници во Основен кривичен суд Скопје и Одлука за констатирање на престанок на судиja-поротник во Основен кривичен суд Скопје.

3.Донесени се одлуки за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот, согласно прописите за работни односи, и тоа за:

• Владанка Панчурова Сулејманова – судија на Виш управен суд;
• Загорка Тноковска – судија на Виш управен суд;
• Лидија Каначковиќ – судија на Виш управен суд;
• Јованка Никодиновска – судија на Апелационен суд Скопје;
• Нуман Лимани – судија на Апелационен суд Скопје;
• Корнелија Давчева – судија на Апелационен суд Штип;
• Драган Николовски – судија на Основен кривичен суд Скопје и
• Солтир Ташков – судија на Основен суд Штип.

4.Разгледани и усвоени се извештаи за работата на судовите во Република Северна Македонија за првото тромесечие за 2020 година и тоа за: Врховен суд на Република Северна Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.

5.Разгледан е Извештајот од работна посета на суд и донесен е Заклучок.

6.Донесен е Заклучок по Извештајот на Комисија за утврдување на одговорност на судија со кој се задолжува Комисијата да изготви дополнителен извештај.

7.Формирани се комисии на известители по 4 (четири) поднесени барања за утврдување на одговорност на судија – претседател на суд.

8.Донесени  се одлуки по поднесени барања за надомест на патни трошоци за судии во Република Северна Македонија.