Соопштение од 348--та седница на Судски совет на РСМ - 29.09.2020 и 30.09.2020 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 348--та седница на Судски совет на РСМ - 29.09.2020 и 30.09.2020 година
Соопштенија за јавност
|
30.9.2020
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 348-та седница одржана на ден 29.09.2020 година и продолжение на 30.09.2020 година, одлучи за следното:
- Донесен е Заклучок при избор на судиите од Академијата за судии и јавни обвинители да се прифати рангирањето извршено од претходната Комисија.
- Судскиот совет на Република Северна Македонија на Собранието на Република Северна Македонија ја предложи Добрила Кацарска, судија на Основен кривичен суд – Скопје како кандидат за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија од редот на судиите.
- Формирани се комисии на известители по 2 (две) поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
- Донесени се одлуки по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, и тоа:
- По една постапка за утврдување на одговорност на судија е донесена Одлука со која се запира постапката;
- Во една постапка постапувајќи по Извештај од Комисија, Советот оцени дека е потребна доработка на предметот;
- по 2 (две) барања за утврдување на одговорност на судија е продолжена постапката и комисиите се должни да ги приберат сите потребни информации и да изготват извештаи.
- Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и одлучи за следните претставки:
- УПП.бр.441/19, 555/19, 565/19, 3/20, 86/20, 306/20;
- УПП.бр.467/19, 481/19, 537/19, 47/20, 60/20, 72/20, 90/20, 120/20, 127/20, 167/20;
- УПП.бр.506/19, 15/20, 48/20, 219/20, 248/20, 254/20, 284/20;
- УПП.бр.193/20, 240/20, 263/20, 272/20, 283/20, 295/20, 305/20;
- УПП.бр.303/19, 382/19, 524/19, 97/20, 164/20, 179/20, 190/20, 204/20, 225/20, 241/20;
- УПП.бр.569/19, 153/20, 220/20, 235/20, 244/20, 255/20, 285/20, 293/20, 303/20;
- УПП.бр.440/19, 479/19, 7/20, 17/20, 24/20, 44/20, 83/20, 115/20, 125/20, 137/20, 174/20, 197/20;
- УПП.бр.13/20, 135/20, 146/20, 172/20, 187/20, 210/20, 221/20, 236/20, 247/20;
- УПП.бр.814/18, 581/19, 194/20, 213/20, 230/20, 238/20, 249/20, 259/20, 269/20, 278/20.
Претставките: УПП.бр.551/19 и Упп.бр.170/20 се повлечени и одложени за наредна седница за претставки.