Соопштение од 334-та седница на Судски совет на РСМ - 26.02.2020 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 334-та седница на Судски совет на РСМ - 26.02.2020 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 334-та седница одржана на ден 26.02.2020 година, по дополнет Дневен ред, одлучи за следното:
1.Усвоен е:
• Записникот од 328-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 25.12.2019 година, 30.12.2019 година и 27.01.2020 година.
2.Донесена е Одлука за избор на судии поротници во Основен суд Радовиш и Одлука за констатирање на престанок на судии поротници во Основен суд Радовиш, како и донесена е Одлука за констатирање на престанок на судии поротници во Основен суд Струмица.
3.Донесена е Одлука за утврдување на правото на надомест на патни трошоци за член на Советот.
4.Донесена е Одлука за формирање на Комисија за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно, во основните судови, апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на РСМ.
5.Донесени се одлуки за определување на ВД-претседатели, и тоа:
- Одлука за определување на вршител на должност – претседател на Апелационен суд Битола за Љиљана Чочковска, судија на Апелационен суд Битола;
- Одлука за определување на вршител на должност – претседател на Основен суд Кочани за Зоран Глигоров, судија на Основен суд Кочани; и
- Одлука за определување на вршител на должност – претседател на Основен суд Охрид за Вулнет Винца, судија на Основен суд Охрид.
6.Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Македонија и одлучи за следните претставки:
• УПП.бр.188/19, 406/19, 535/19, 567/19, 575/19, 580/19, 51/20;
• УПП.бр.581/19, 16/20;
• УПП.бр.436/19, 445/19, 454/19, 562/19, 548/19, 582/19, 80/20;
• УПП.бр.402/19, 447/19, 480/19, 491/19, 519/19, 542/19;
• УПП.бр.352/19.
Претставките: УПП.бр. 506/18, 799/18, 200/19, 353/19, 378/19, 401/19, 418/19, 425/19, 458/19, 470/19, 488/19, 501/19, 505/19, 506/19, 528/19, 571/19, 80/20 се повлечени и одложени за наредна седница за претставки.
Денешната седница е прекината, продолжението на седницата ќе се одржи на ден 27.02.2020 година (четврток) со почеток во 10,00 часот.