Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судскиот совет на РСМ и Нотарската комора на РСМ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судскиот совет на РСМ и Нотарската комора на РСМ
Press realeses
|
Apr 26, 2024
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева денес потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Методија Ристоски.
Официјализирање на соработката со потпишување на Меморандумот е од особено значење и во истиот се дефинира начинот на соработката која ќе се остварува преку размена на знаења, искуства, размена на статистички податоци и информации при изработка на одредени истражувања и анализи, заедничко решавање на прашања кои се појавуваат во праксата, давање меѓусебна стручна помош, како и друг вид на размена на искуства и знаења од праксата креирана во судовите и во постапките пред нотарите.