Соопштение од 284-та седница одржана на ден 18.09.2018 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 284-та седница одржана на ден 18.09.2018 година

Соопштенија за јавност  |  18.9.2018
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 284-та седница одржана на ден 18.09.2018 година усвои нов Дневен ред и одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

             Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 284-та седница одржана на ден 18.09.2018 година усвои нов Дневен ред и одлучи за следното:

1. Усвоени се:

    • Записникот од 280-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 04.07.2018 година, 05.07.2018 година и 09.07.2018 година и
    • Записникот од 283-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 30.08.2018 година.

2. Донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на претседател на Основниот суд Берово.

3. Донесена е Одлука за усвојување на Правилник за содржината и формата на актот за начинот на вршење на видео надзор; Правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти;  Правилник за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица при пристапувањето до документите и информатичко-комуникациската опрема; Правилник за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци; Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци; Правилник за начинот на уништување на документите, како и за начинот на уништување, бришење и чистење на медиумите и План за создавање на систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

4. Претседателот на Судски совет на Република Македонија ги извести членовите на Судскиот совет на Република Македонија дека согласно член 9 став 1 алинеа 1 и алинеа 3 од Законот за Судски совет на Република Македонија ќе распише Оглас за избор на членови на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите во Република Македонија на кои им истекува мандатот во месец Декември 2018 година и дека ќе го извести Претседателот на Република Македонија да му предложи на Собранието на Република Македонија кандидат за член на Советот.

5. Разгледани и усвоени се извештаи за работата на судовите во Република Македонија за второто тромесечие за 2018 година и тоа за: Врховен суд на Република Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.

6. Претседателот на Судски совет на Република Македонија побара мислење од членовите на Судскиот совет на Република Македонија за измена на Годишниот распоред за работа на Судскиот совет на Република Македонија за 2018 година.

7. Констатиран е престанок на функција на 6 (шест) судии-поротници во Основен суд Скопје 1 Скопје, поради навршени 64 години старост, како и е констатиран престанок на функција на 1 (еден) судија поротник поради навршени 60 години старост.

  Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Скопје 2 Скопје за Љиљана Игњатовска, по сопствено барање.

8. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Борка Златеска, судија на Основен суд Тетово, поради исполнување на услови за старосна пензија.