Потпишан меморандум за соработка помеѓу ССРСМ и Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ССРСМ и Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“

Press realeses  |  Jul 28, 2022

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Судскиот совет на Република Северна Македонија и Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ Скопје

 

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска и Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“, преставувана од извршниот директор Дарко Аврамовски потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот за соработка ја одразува волјата и подготвеноста на двете страни потписнички да соработуваат во полето на владеење на правото, правната држава, зајакнување на капацитетите на судството, почитување на стандардите за фер и правично судење, зголемена соработка и поддршка на невладините организаци, унапредување на јавноста, транспарентноста и отчетноста во работењето на судовите и институциите на правосудството, како и оцена на перформансот на судовите, лоцирање на проблематичните области и добрите практики, со цел да се придонесе кон унапредување на јавната доверба во судството, унапредување на владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права, подобрување на пристапот до правда за граѓаните, унапредување на условите за вршење на судиската професија и зајакнување на капацитетите на судството, како и унапредување на процесите за ЕУ интеграција на земјата.