Работен состанок на Судскиот совет за практична имплементација на Методологијата за оценување на судии [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работен состанок на Судскиот совет за практична имплементација на Методологијата за оценување на судии

Соопштенија за јавност  |  12.4.2022

 

Работен состанок на Судскиот совет за практична имплементација на Методологијата за оценување на судии

 

Судскиот совет одржа работен состанок со преставници на Центарот за правни истражувања и анализи во врска со практичната примена на Методологијата за квалитативно оценување на судиите и на претседателите на судовите. Методологијата е имплементирана во АКМИС системот и преставува документ за целосно поинакво оценување на судиите, односно во иднина евалуацијата ќе се врши исклучиво врз основа на објективни критериуми.

За таа цел Судскиот совет неодамна формираше комисии за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите чии членови, беше договорено на работниот состанок, да посетат обука во текот на следната недела, за да можат потоа да започнат со оценувањето на судиите врз основа на критериумите предвидени во методологијата.

Новиот концепт на оценување ќе ги вреднува посветеноста, знаењето, одговорноста и ефикасноста на секој судија со што ќе се постигне побрза и пообјективна правда, со цел да се зголеми довербата на граѓаните во судството.