Присуство на граѓаните во Судскиот совет на Република Северна Македонија по повод Денот на правосудството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Присуство на граѓаните во Судскиот совет на Република Северна Македонија по повод Денот на правосудството

Соопштенија за јавност  |  29.3.2024

 

 

 

Присуство на граѓаните во Судскиот совет на Република Северна Македонија по повод Денот на правосудството

 

Во пресрет на Денот на правосудството-31 март, Судскиот совет на Република Северна Македонија организираше отворен ден за посета на граѓаните.

Во текот на денот Судскиот совет на Република Северна Македонија го посетија студенти од Правниот факултет  Јустинијан Први од Скопје и проф.д-р Александра Деаноска Трендафилова, ученици од СПУ Васил Антевски-Дрен во присуство на професорката Снежана Бриндевска, студенти од Факултетот за правни и политички науки при АУЕ ФОН во присуство на Деканот, проф.д-р Сејдефа Џафче и граѓани.

Граѓаните, студентите и учениците остварија средба со Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, како и  со членови на Совет и беа запознати со надлежностите, работењето и активностите на Советот, при што во непосредна комуникација беше покажан голем интерес за работата на Советот, судството и правосудство во целина.

Во оваа прилика, Судскиот совет на Република Северна Македонија им го честита Денот на правосудството на сите судии и вработени во судската власт, како и на правосудните институции и посакува плодна и успешна заедничка работа.

Стоиме исправено пред сите предизвици и се надеваме дека преку нашето несебично заедничко залагање и макотрпна работа ќе успееме и ќе докажеме дека реформите во правосудството се возможни,   а со тоа ќе ја зголемиме и довербата кај граѓаните.