Соопштение за 349--та седница на Судски совет на РСМ - 15.10.2020 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 349--та седница на Судски совет на РСМ - 15.10.2020 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 15.10.2020 година (четврток) со почеток во 10,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 349-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 15.10.2020 година, со почеток во 10,00 часот
1.Усвојување на:
• Записник од 347-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 21.09.2020 година.
2.Донесување на Одлука за Избор на претседател на Основен суд Гостивар по Оглас бр.08-1885/2 од 22.11.2019 година.
3.Донесување на Одлука за избор на два члена на Комисијата за спроведување на интервју со кандидатите од Академијата за судија и јавни обвинители, по Оглас бр.09-751/2 од 8.05.2020 година.
4.Донесување на Одлука за објавување на Оглас за избор на претседател на Основен суд Берово.
5.Донесување на Одлука за утврдување на престанок на судиска функција, поради исполнување на услови за старосна пензија.
6.Донесување на Одлука за престанок на судија поротник на Основен граѓански суд Скопје и Основен суд Кочани.
7.Донесување на Одлука по Барање за враќање во поранешна состојба.
8.Расправа по извештаи на комисиите во повторените постапки по повод конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
9.Постапување по известувања на комисиите на известители по барања за утврдување на одговорност на судии.
10.Постапување по извештаи на комисиите за утврдување на одговорност на судии/претседател.
11.Разно.