ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РМ, ОД РЕДОТ НА СУДИИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА ЗАЕДНИЦИТЕ КОИ НЕ СЕ МНОЗИНСТВО ВО РМ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РМ, ОД РЕДОТ НА СУДИИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА ЗАЕДНИЦИТЕ КОИ НЕ СЕ МНОЗИНСТВО ВО РМ

Новости  |  17.5.2018
ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РМ, ОД РЕДОТ НА СУДИИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА ЗАЕДНИЦИТЕ КОИ НЕ СЕ МНОЗИНСТВО ВО РМ...

      Согласно член 9 став 1 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр. 60/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 61/2015 и 197/17), Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, објавува

ОГЛАС

 ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ОД РЕДОТ НА СУДИИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА ЗАЕДНИЦИТЕ КОИ НЕ СЕ МНОЗИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 

 
      Изборот на член на Судскиот совет на Република Македонија ќе се изврши од редот на судиите во Република Македонија припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

      На огласот за избор на член  на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите може да се пријави секој судија од подрачјето на цела  Република Македонија кој во моментот на објавувањето на огласот врши судиска функција и е припадник на зедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, а кој ги исполнува следните услови:

  • да има најмалку 5 (пет) години судиски стаж;
  • да има највисоки позитивни оцени во последните 3 (три) години во вршењето на судиската функција дадени од страна на Советот;
  • да ужива углед, да поседува интегритет за вршење на функцијата член на Совет и да поседува социјални способности за вршење на судиската функција.

    Кандидатите за член на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите својата кандидатура ја поднесуваат писмено до Советот.  Кон пријавата кандидатите поднесуваат:

  • потврда за судиски стаж;
  • биографски податоци за стручниотпрофесионалниот развој;
  • оценка за резултатите во работењето за последните 3 (три) години издадени од Советот;
  • податоци за учество во стручна и професионална едукација, издадени од Академијата за судии и јавни обвинители и
  • положен тест за интегритет и психолошки тест.

     Од страна на Судскиот совет на Република Македонија ќе бидат спроведени психолошки тест и тест за интегритет за кандидатите кои ги немаат положено тестовите. По однос на термините за полагање на тестовите, кандидатите ќе бидат дополнително известени од Судскиот совет на Република Македонија. Трошоците за полагање на психолошкиoт тест и тестот за интегритет паѓаат на товар на кандидатите.

    Заинтересираните кандидати, кандидатурата со прилог документи да ги достават до Судскиот совет на Република Македонија, ул. „Македонија“ бр.5, во рок од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“.


                                                                                                                                       Судски совет
         Бр.02-734/1                                                                                                 на Република Македонија
   09.05.2018 година                                                                                                      Претседател,
            Скопје                                                                                                            Зоран Караџовски