Посета во Судскиот совет од студентите по право на Универзитетот во Тетово [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Посета во Судскиот совет од студентите по право на Универзитетот во Тетово

Соопштенија за јавност  |  26.5.2022

Посета во Судскиот совет од студентите по право на Универзитетот во Тетово

     Група студенти по правни студии од Универзитетот во Тетово го посетија Судскиот совет за да се запознаат со неговата работа и со надлежносите кои ги има во правец на остварување на независноста, професионалноста и објективноста на судството. Заменик претседателот на Судскиот освет, Селим Адеми, на работбата сесија ги информираше студентите за новите методологии со кои значително ќе се подобри функционалноста на судскиот систем.

     Методологијата за оценување на судиите веќе е интегрирана во АКМИС системот и започната е најзина примена во однос на огласите за избор на судии во Врховен суд, во Апелациониот суд Скопје и Апелациониот суд Гостивар, како и за избор на претседатели на неколку основни судови. Методологијата за утврдување сложеност на предмети наскоро ќе стане дел од АКМИС системот и ќе овозможи определување на тежината на предметите со што ќе се прави порационален распоред се со цел да се обезбеди побрза и поефикасна правда за граѓаните.
     Студентите се интересираа за односот на Судскиот совет кон граѓаните, односно за претставките и за барањата за утврдување одговорност при што беа информирани дека членовите на Судскиот Совет имаат целосно професионален пристап при оценувањето на секоја граѓанска поплака и дека за секоја претставка или барање граѓаните се известуваат во најбрз можен рок.

     На сесијата беше нагласено дека Судскиот совет вложува напори во следните години да ги пополни испразнетите места за судии преку постојано зголемување на бројот на кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители и дека во континуитет се бори за подобрување на материјалниот статус на судиите и судската администрација. Студентите се запознаа со голем број активности кои во моментов се преземаат со цел судскиот систем да прерасне во целосно независен, транспарентен и со висока доверба кај граѓаните.