Реакција [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Реакција

Press realeses  |  Nov 20, 2019
Реакција

РЕАКЦИЈА

        Судскиот совет на Република Северна Македонија како самостоен и независен орган на судството е основан со цел да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно Уставот и законите.

        Заради остварување на оваа цел, а по повод изјавата на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Русковска, во врска со законитоста на Одлуката на Кривичниот совет при Апелациониот суд Скопје за определување на мерката – Куќен притвор, према обвинетата Катица Јанева, по спроведениот увид во Апелациониот суд Скопје, Судскиот совет на Република Северна Македонија констатира дека ваквите изјави сo закана спрема судиите, од еден од учесниците во судските постапки  претставува:

- Грубо кршење на принципот на еднаквост и рамноправност на учесниците во кривична постапка;
- Влијание врз јавноста по однос на законитоста на судската одлука спротивно на Уставот и позитивните законски прописи;
- Злоупотреба на правата во судска постапка;
- Недозволено мешање и притисок врз судиите при донесувањето на судски одлуки;
- Нарушување на угледот на судот и судската власт преку создавање на правна несигурност како еден од сегментите на принципот на владеeње на правото.

        Поради овие причини, Судскиот совет на Република Северна Македонија најостро го осудува ваквото однесување на јавниот обвинител и смета дека истото е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители во РСМ.

                                                                                                                                                 Судски совет на РСМ