Соопштение од 504-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 504-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

Известувања, Настани, Новости  |  06.11.2024

СООПШТЕНИЕ


Судскиот совет на РСМ на 504-та седницаодржана на  06.11.2024 година, го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:


    1. Усвоени се:

- Записник од 498- та седница на Судскиот совет на РСМ од 10.09.2024 година, со забелешки;

- Записник од 500- та седница на Судскиот совет на РСМ од 25.09.2024 година, со забелешка и

- Записник од 501- та седница на Судскиот совет на РСМ од 02.10.2024 година;


    2. Согласно одредбите за избор на судии, начинот, условите и критериумите предвидени во Законот за Судскиот совет на РСМ, Законот за судовите, Деловникот за работа на Судскиот совет на РСМ, како и Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд, Советот гласаше редоледно по ранг листите на кандидати за избор на судии и изврши избор на судии на Апелационен суд Гостивар и Апелационен суд Штип, така што:


- за судии на Апелационен суд Гостивар, за граѓанска област, по оглас објавен во „Сл.весник на РСМ“ бр.270/23, избрани се: Јетмир Хамзаи-судија на Основен суд Гостивар и Абдула Азари, судија на Основен суд Тетово;


-за судии на Апелационен суд Штип, за граѓанска област, по оглас објавен во „Сл.весник на РСМ“ бр.210/23, избрани се: Сузана Милевска, судија на Основен суд Кочани и Анита Јорданова, судија на Основен суд Штип;


-за судија на Апелационен суд Штип за граѓанска област, по оглас објавен во „Сл.весник на РСМ“ бр.270/23, избран е: Љупчо Спироски, судија на Основен суд Тетово;


    3. Согласно одредбите за избор на претседтаел на суд, начинот, условите и критериумите предвидени во Законот за Судскиот совет на РСМ, Законот за судовите, Деловникот за работа на Судскиот совет на РСМ, како и Правилникот за начинот на формирање на Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседтаел на суд, како и начинот на работење на Комисијата, Советотгласаше редоследно по ранг листите на кандидати за избор на претседтаел на суд и изврши избор на претседатели на Виш управен суд, Основен суд Велес и Основен суд Струга, така што:

–за претседател на Виш управен суд избрана е Лидија Георгиевска, судија на Виш управен суд;

–за претседтаел на Основен суд Велес избрана е Валентина Ѓорѓиевска -судија на Основен суд Велес и

–за претседател на Основен суд Струга избран е Вулнет Винца-судија на Основен суд Охрид;


4. Донесе одлука за измена и дополнување на одлука со која е формирана Комисијаза оценување на работата на кандидати за членови на Судскиот совет на РСМ и кандидати за претседатели на Апелационен суд Битола, Основен суд Гевгелија, Основен суд Кочани и Основен суд Струмица, така што во став 1 од одлуката, се додава „и Основен суд Кавадарци“;


-Донесе одлука за измена и дополнување на одлука со која е формирана Комисија за увид и оценка на судии на Основен суд Штип, Основен суд Кочани и Основен суд Струмица, така што во став 1 точка 1 од одлуката, наместо „Тони Делев-претседател на Комисијата (претседател-судија на Апелационен суд Штип“ да стои „ Светлана Јованова- претседател на Комисијата - (судија на Апелационен суд Штип “, а во став 1 точка 5 од одлуката наместо „Гордана Сајковска- член на Комисијата-судија на Апелационен суд Скопје“ да стои „Ирена Костадинова-Ангелова-член на Комисијата -судија на Апелационен суд Скопје“;

-Донесе одлука за измена и дополнување на одлука со која е формирана Комисија за увид и оценка на претседател на Основен суд Штип, така што во став 1 од одлуката, се додава „и претседател на Основен суд Кочани“, а во став 1 од одлуката точка 5 наместо „Данка Ристова- член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип“ да стои „Мирјанка Гоцевска Стефановска- член на Комисијата (-судија на Апелационен суд Штип “;

-Донесе одлука за измена и дополнување на одлука со која е формирана Комисија за увид и оценка на судии на Основен суд Гевгелија, така што во став 1 од одлуката, се додава „и на Основен суд Кавадарци“, а во став 1 од одлуката точка 4 наместо „Лилјана Ицкова- член на Комисијата -(судија на Апелационен суд Гостивар“ да стои „.Африм Јакупи- член на Комисијата (-судија на Апелационен суд Гостивар “.


5. Расправаше по донесена одлука на Општа седница на Врховниот суд на РСМ, во врска со времено упатување на судија Анита Јорданова од Основен суд Штип за вршење на судиска функција во Основен суд Берово и по дискусијата донесе одлука со која Анита Јорданова, судија на Основен суд Штип времено се упатува за вршење на судиска функција во Основен суд Берово, сметано од 06.11.2024 година, за период од 6 (шест)месеци од денот на упатувањето;

-Воедно донесе и одлука со која за ВД претседател на Основен суд Берово се определува Анита Јорданова.-судија на Основен суд Штип;


-Расправаше по поднесени барања за времено упатување на судии за вршење на судиската функција во друг суд, по што констатира дека не се прифатени согласностите за времено упатување поднесни од Драгана Илиовска, судија на Основен граѓански суд Скопје и Љиљана Миланова, судија на Основен кривичен суд Скопје;


6. Донесе одлуки за престанок на судија поротник и тоа:

    На Благица Јакимовска, судија поротоник на Основен кривичен суд Скопје, поради навршени 60 години старост;

    На Весна Петровска, Стефан Јошевски, Тања Китан, Никола Гроздановски, Катерина Марковска,Бранкица Огненовска, Ангела Ристевска, Иво Делиќ,Соња Станковска,Даниела Трифуновска, Семина Шериф, Евгенија Вржовска, Александар Папалазов, Христијан Димовски, Ирена Пашоска, Марија Јовановска, Невенка Атанасова, Оливер Темелковски,Татјана Дејановиќ и Даниел Џокановски, судии поротници на Основен суд Битола, поради истек на мандатот;

    На Весна Цекова, судија поротоник на Основен суд Кавадарци, поради навршени 60 години старост;

    На Албина Менга, Ибрахим Ахметнафи, Сами Алија, Алија Газменд, Весна Јаневска, Жаклина Игњатовска и Анета Филиповска, судии поротници на Основен суд Гостивар, поради истек на мандатот;

    Донесе одлука за избор на судии поротници на Основен суд Гостивар, така што за судии поротници на Основен суд Гостивар избрани се: Елеонора Гаврилоска, Жаклина Игњатовска, Зоран Филипоски, Весна Јаневска, Ардиан Рамадани, Јехона Алили и Албана Менга;


    - Донесе одлука за избор на судии поротници на Основен суд Куманово, така што за судии поротници на Основен суд Куманово избрани се: Ненад Ѓорѓевски и Маја Ѓошевска;


7. Одлучуваше по известувања на Комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, така што по четири барања постапката продолжува, а по едно барање постапката се запира;


- Воедно во врска со две донесени одлуки за продолжување на постапките по две барања донесени се две одлуки за спојување на барањата за одговорност на судии со оглед да станува збор за исти судии и по ист основ;


8.  Расправаше по извештаи за констатирана состојба по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд , така што:

-по две барања донесе одлуки со кои постапките за утврдување на одговорност на судии се запираат;


9.   По поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд не е формирана Комисија на известители и истото е одложено за понатамошниот период, се до правосилноста на претходно донесена одлука;


10.  Донесена е Одлука со која се усвојува дополнувањето на Годишниот план за јавни набавки на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година;


-Разгледан е доставениот извештај од Министерството за правда од извршен надзор на Комисија за надзор над функционалноста на АКМИСОТ во Основен суд Ресен и


- Номинацијата за заменик член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и номинација за заменик член на Програмски совет на Академијата за судии и јавни обвинители е одложена за наредна седница на Советот, со цел да се одлучува заедно со барањето номинација дополнително доставено од Академијата за судии и јавни обвинители.

Седницата може да ја проследите на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=piO2iIUlEV4