Соопштение од 229-та седница на Судски буџетски совет - 28.05.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 229-та седница на Судски буџетски совет - 28.05.2024 година

Press realeses  |  May 28, 2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 229-та седница одржана на ден 28.05.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет изврши измена на дневниот ред на начин што ги повлече точките 3, 4, 7 и 9, за кои од присутните членови беше констатирано дека е потребно да се расправа во поширок состав, по што усвои:

  1. Записник од 227-та седница на СБС одржана на ден 19.04.2024 година;

               Записникот од 223-та седница одржана на ден 04.03.2024 година, Записникот од 226-та седница одржана на ден 26.03.2024 година и Записникот од 228-та седница одржана на ден 25.04.2024 година беа повлечени од расправа поради немање доволно кворум за нивно разгледување и усвојување од членовите на СБС кои биле присутни на тие седници;

  1. Усвои Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец мај 2024 година за судските службеници и вработените во Судскиот совет на РСМ;

               Усвои Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец мај 2024 година за судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ;

  1. Разгледа барање од судија на ОС Тетово д-р Верка Костовска за исплата на јубилејна награда, по што усвои заклучок Судскиот буџетски совет ова прашање да го разгледува по завршување на парламентарните избори;
  2. Разгледа барање од ОС Кратово СУ-02.бр.10/23-31 од 09.04.2024 година за одобрување на дополнителни средства за реновирање на фасада, по што усвои заклучок Судскиот буџетски совет ова прашање да го разгледува по завршување на парламентарните избори;
  3. Разгледа барање од Основен граѓански суд Скопје СУ-03-637/24 од 17.05.2024 година за одобрување на дополнителни средства за замена на вентилоконвектори, по што донесе одлука за дообезбедување средства на Основниот граѓански суд Скопје во износ од 168.000 денари за реализација на јавната набавка за замена на вентилоконвектори, бидејќи по одржаната аукција крајната понудена вредност од операторот е повисока за наведениот износ.