Средба на Судскиот совет со делегација од Република Албанија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба на Судскиот совет со делегација од Република Албанија
Средба на Судскиот совет со делегација од Република Албанија
Во Судскиот совет на Република Северна Македонија на ден 29.05.2023 година одржана е средба помеѓу претставници на Советот- претседателот на Советот Сашко Георгиев и членови на Советот со делегација на Република Албанија од Високиот инспекторат за правда во Албанија - г.Артур Метани-Виш Испектор на Правда, г.Агим Ѓулбегу-Советник, г.Бесник Махо-Виш Испектор на Правда и Рафик Голи заменик Амбасадорот на Република Албанија во Скопје
На средбата се дискутираше за состојбите во судството, делегацијата од Албанија ги запозна членовите на Советот со работата на Високиот инспекторат за правда во Албанија и разменија искуства, се дискутираше за реформите во правосудниот систем и изнаоѓање начини за подобрување на впечатоците за судството. Членовите на Советот се интересираа за искуствата од реформите во Албанија. Се разгледаа можностите за понатамошна соработка помеѓу Советот и Вишиот инспекторат за правда.
Кабинет на претседател
на Судскиот совет на Република Северна Македонија