Соопштение од 382-та седница на Судски совет на РСМ - 23.09.2021 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 382-та седница на Судски совет на РСМ - 23.09.2021 година

Соопштенија за јавност  |  23.9.2021

 

Соопштение од 382 седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

 

На седницата на Судскиот Совет одржана на 23 септември 2021 година, беше усвоен Правилник за начинот на формирање на комисии за оценка на работата на судиите и претседателите на судовите. Правилникот го уредува начинот на формирање на комисиите за оценување на работата на судиите врз основа на исполнетоста на квалитативните критериуми.

На седницата беа усвоени извештатите за работа на судовите во Република Северна Македонија од вториот квартал (април, мај и јуни) за 2021 година. Генералната оценка е дека судовите биле ажурни. Тримесечјето започнало со 110 197 предмети, имало прилив на нови 126 038 предмети или вкупно за постапување имало 236 235 предмети. Од нив, 128 098 се решени, а во работа останале 108 137 предмети. Судскиот Совет оцени дека судовите успеале да го совладаат приливот и да го намалат заостатокот  на предмети.

На седницата беа делегирани судии од други судови во основните судови во Крушево, Делчево, Неготино, Кичево како и во Основниот Кривичен суд Скопје, и тоа:

  • Бојанчо Донев, судија на Основен суд Велес времено е упатен за извршување на судиската функција во Основен суд Неготино, за период од 1 година,
  • Јане Тренчевски, судија на Основниот суд Прилеп времено е упатен за извршување на судиската функција во Основен суд Крушево, за период од 1 година,
  • Невена Перица, судија на Основен суд Штип времено е упатена за извршување на судиската функција во Основен суд Делчево, за период од 6 месеци,
  • Виолета Нофитоска судија на Основен суд Гостивар времено е упатена за извршување на судиската функција во Основен суд Кичево, за период од 1 година,
  • Ивица Николовски, судија на Основен суд Тетово времено е упатен за извршување на судиската функција во Основен кривичен суд Скопје, за период од 1 година,

Судскиот совет денеска разреши еден судија - поротник во Основниот суд Кочани и двајца судии – поротници во Основниот суд Битола поради исполнување на старосната граница за вршење на функцијата, како и тројца судии поротници на Основниот суд Тетово, по сопствено барање.