Соопштение од 442-та седница на Судскиот совет на РСМ - 22.05.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 442-та седница на Судскиот совет на РСМ - 22.05.2023 година

Соопштенија за јавност  |  22.5.2023

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 442-та седница одржана на ден 22.05.2023  година  одлучи за следното:

 

1. Усвоени се:

- Записник од 435-та седница на Судскиот совет на РСМ од 22.03.2023 година;

- Записник од 437-та седница на Судскиот совет на РСМ од 18.04.2023 година;

 

2. Утврден е престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на следните судии: Аце Бакиевски од Апелационен суд Битола, Исмаил Елези од Основен суд Кичево, Зоран Стеваноски од Основен суд Прилеп и Александра Зафироска од Основен суд Тетово;

 

3. Донесена е Одлука за определување на ВД претседател на Основен суд Прилеп за Јасмина Шишковска Стојковиќ – судија на Основен суд Прилеп;

 

4. Усвоен е извештајот на Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документите на кандидати од спроведена постапка по оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово, Основен суд Крушево и Основен суд Прилеп;

- Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово и Основен суд Крушево;

- Формирана е Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документите на кандидати од спроведена постапка по оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово и Основен суд Крушево;

 

5. Донесени се одлуки за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Кочани на Томе Зашев поради навршени 60 години старост и на Христина Петрушевска од Основен суд Кратово, по нејзино барање;

 

6. Донесена е одлука за избор на 5(пет) судии поротници на Основен суд Кочани;

 

7. Формирана е Комисија на известители по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.