Претседателот на Судскиот совет оствари работна средба со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Судскиот совет оствари работна средба со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот

Соопштенија за јавност  |  24.11.2023

 

 

 

Претседателот  на Судскиот совет  оствари работна средба со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот

 

Претседателот на Судскиот совет на Република  Северна Македонија, Сашко Георгиев денес оствари работна  средба со директорот  на Агенцијата  за управување со одземен имот, Дритон Небиу. До средбата дојде по иницијатива на Судскиот совет и само еден ден  по одржувањето на седницата  на Советот, на која  беше алармирано  дека неколку помали судови во државата се соочуваат со многу сериозен  проблем  од недостиг на возила за службени потреби.

Во разговорот, кој помина во конструктивна атмосфера, претседателот Георгиев посочи дека  има судови, кои немаат ниту едно возило  и  не можат нормално да функционираат во нивната редовна  работа. Станува збор за  неколку помали судови од внатрешноста, за кои беше побарано од директорот да се направи напор да се отстапат  на користење на судовите запленети  конфискувани возила  од сторители на кривични дела.

Директорот Небиу изрази подготвеност и разбирање  да излезе во пресрет на ваквите барања и да се спроведе  потребната законска процедура, со цел  да се добијат возила  за кои што постои правосилна пресуда  во што е можно покус рок. Воедно, во разговорот беа отворени  и други прашања, а најмногу внимание беше посветено на  долгото  траење на судските постапки, од кои  некои траат  и по повеќе години, со што се  обезвреднува одземениот имот и се губи смислата на  изречената мерка.