СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Со оглед дека изминатите денови во јавноста се презентирани негативни ставови во врска со номининација на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија, кои не само што не кореспондираат со реалноста, туку и предизвикуваат перцепција дека Судскиот совет донел незаконита одлука, заради целосно запознавање на јавноста, на која сме должни да и ја презентираме вистината, информираме за следното:
Судскиот совет на транспарентен и отчетен начин, на јавната седница одржана на 24.10.2024 година изврши номинација на членови на Управниот одбор во Академијата за судии и јавни обвинители од редот на судиите кои се членови на Судскиот совет. На седницата беа истакнати аргументи и дадено образложение кои се во насока на законитоста и оправданоста на таквата одлука, односно номинација, а истото беше сторено пред присутната јавност на седницата.
Во конкретниот случај, не може да се примени чл.44 ст.4 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, бидејќи членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители се од редот на судиите и јавните обвинители, кои по закон се веќе претходно избрани и именувани лица, а во поткрепа на законитоста на одлуката на Советот е и досегашната пракса.
Неспорно е дека Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители одлучува по приговори на кандидатите во АСЈО, кои по завршување на Академијата ги избира Советот, но неспорно е и дека во постапката за избор учествува и Врховниот суд на Република Северна Македонија, кој одлучува по жалби на неизбраните кандидати кои завршиле Академија. Значи ли тоа дека во случајов е незаконита и номинацијата на судија од Врховниот суд за член на Управниот одбор во АСЈО поради судир на интереси?
За надминување на изнесените дилеми во јавноста, околу начинот и постапката за номинација, Судскиот совет веќе започна постапка за изготвување на подзаконски акт, со кој ќе се регулираат условите и постапката за сите номинации кои се во надлежност на Советот.