СООПШТЕНИЕ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија остро се спротивставува на користење на судството за дневно политичка кампања.
Судиите се самостојни и независни во донесување на одлуките и секое коментирање однадвор се смета за упад во судството.
Судиите и покрај тоа што работат со ограничени човечки и финансиски ресурси даваат максимални напори за брза и ефикасна правда.
Секој кој има сериозни индиции и докази за криминално и коруптивно однесување во судството должен е веднаш да пријави до Судскиот совет и други надлежни органи, затоа што непријавувањето на истите претставува сериозно кривично дело.
Судскиот совет на Република Северна Македонија како самостоен и независен орган на судската власт во иднина нема да се вклучува во коментирање на било какви политички изјави, а секогаш ќе реагира во насока за заштита на законитоста и независноста на судството.