Соопштение од 490-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.06.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 490-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.06.2024 година

Соопштенија за јавност  |  10.6.2024

 

 

 

СООПШТЕНИЕ 

Судскиот совет на Република Северна Македонија  на 490-та седница одржана на ден 10.06.2024 година (понеделник ) го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:

 

  1. Ја усвои Комуникациската стратегија на Судскиот совет на Република Северна Македонија и судовите  на Република Северна Македонија ( 2024-2028) со Акционен план која беше изготвена со помош и поддршка на Проектот  „поддршка на ЕУ за владеење на правото“. Со усвојување на овој докумнет се потврдуваат заложбите на Советот за имплементација на препораките нотирани во Извештајот на Оценската  мисија, а  е во насока на усвојување високи европски стандарди за комуникација на сите нивоа во судството, почнувајќи од Судскиот совет;

 

  1. Донесе одлука со која за  ВД претседател на Апелационен суд Битола се определува Жаклина Доведен-судија на Апелационен суд Битола и тоа  од денот на стапување на  функцијата член на Судскиот совет на Република Северна Македонија на Александар Камбовски-судија на Апелационен суд Битола, кој во моментот ја извршува функцијата ВД претседател на Апелациониот суд Битола;

-Донесе одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Апелационен суд Битола;

-Формира Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на суд, во состав од :

-Мирсад Суроји-претсдеател на Комисијата;

-м-р Антоанета Димовска-член на комисијата и

-м-р Тања Чачарова Илиевска-член на Комисијата:

  1.  Утврди престанок на судии поротници на Основен кривичен суд Скопје на Бонијела Ѓорѓиевска, Соња Бинова, Марија Прличкова Велкова и Весна Божинова, поради истек на мандат на 10.06.2024 година;

–Донесе одлука со која изврши избор на судии поротници на Основен кривичен суд Скопје од 11.06.2024 година и тоа:

1.Бонијела Ѓорѓиевска

2, Соња Бинова

3,Марија Прличкова Велкова и

4.Весна Божинова;

 

4. Донесе Одлука по барање за мирување на судиската функција, на Вјолца Мора Бајрами, судија на Основен суд Куманово со која се утврдува мирување на судиската функција на  Вјолца Мора Бајрами, судија на Основен суд Куманово од  11.09.2024 година заклучно со 20.06.2025 година;

  1. Донесе  одлуки  по поднесени барања на судии за надомест на закупнина, така што:

-Барањето на Благородна Аранѓелова, судија на Управен суд за надоместок на трошоци за закупнина на стан се уважи и на истата и се призна правото назголемувањена надоместок за закупнина на стан, сметано од 15.05.2024 година, па натаму се додека ја извршува судиката функција во Управниот суд и

- Барањето на Имсале Хасани, судија на Управен суд за надоместок на трошоци за закупнина на стан се уважува  и на истата и се признава правото на надоместок за закупнина на стан, сметано од 01.06.2024 година, па натаму додека ја извршува судиската функција во Управниот суд;

6.Усвоен е приговорот од Тања Терзиева, судија на Управен суд изјавен против Распоред за измена нараспоред за работа на Управен суд за 2024 година;

7.Усвоен е Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидатите за избор на 2 (двајца) судии во Апелационен суд Гостивар, за граѓанска област, според кој се констатира дека нема спорни пријави од кандидати, а согласно Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд;

8.Одлучи по Известување oд Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија и донесена е одлука за продолжување на постапката и

9.Формира комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и

10.- Разгледан е Извештајот на Комисијата за избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите на Врховниот суд на РСМ и од апелационо подрачје Битола и

  • По предлог на член на Советот се отвори расправа во врска со отсуство на член на Советот, а во смисла на ажурното постапување на Советот, при што се заклучи дека дополнително ќе се одлучува по истото, по обезбедување на информации и податоци во таа насока.

Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=Ul3QJj8-lM8