Соопштение од 299-та седница одржана на ден 27.02.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 299-та седница одржана на ден 27.02.2019 година

Соопштенија за јавност  |  27.2.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 299-та седница одржана на 27.02.2019 година, го измени и дополни Дневениот ред и одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

     Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 299-та седница одржана на ден 27.02.2019 година, го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

1. Усвоен е:
     • Записникот од 295-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 30.01.2019 година.

2. Разгледани и усвоени се извештаи за работата на судовите за четвртото тромесечие за 2018 година и тоа за: Врховен суд, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.

3. Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Јусуф Ајрулахи од Основен суд Куманово во Основен суд Скопје 1 Скопје, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.

4. Донесено е Решение за измена и дополнување на Решение со кое Андреј Димовски, судија на Основен суд Скопје 2 Скопје времено се упатува во Европски суд за човекови права во Стразбур.

   Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Олга Попевска, судија на Основен суд Скопје 2 Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.

  Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Мира Анѓелеска, судија на Основен суд Кичево со одделение Македонски Брод, поради исполнување на услови за старосна пензија.

   Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Благоја Бошкоски, судија на Основен суд Крушево, поради исполнување на услови за старосна пензија.

   Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Скопје 2 Скопје за Викторија Митрикеска, по сопствено барање.

   Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Скопје 2 Скопје за Вергина Атанасова, по сопствено барање.

              Точката „3“ од Дневниот ред е повлечена и на нејзиното место е додадена нова точка – Донесување на Одлука за времено упатување на еден судија во Основен суд Скопје 1 Скопје.