Соопштение од 482-та седница на Судскиот совет на РСМ - 27.03.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 482-та седница на Судскиот совет на РСМ - 27.03.2024 година

Соопштенија за јавност  |  27.3.2024

 

Соопштение oд 482-та седница на Судскиот совет на РСМ
 
 
Судскиот совет на РСМ на 482-та седница одржана на  ден 27.03.2024 одлучи за следното:
 
 
1. Усвоен е  Записникот од 479-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 21.02.2024 година;
 
2. Приговорот од судијата поднесен против годишниот распоред за изменување и дополнување на годишниот распоред за работа на Основен граѓански суд Скопје за 2024 година, Судскиот совет го усвои, бидејќи констатираше дека претседателот на судот при  распоредувањето на судијата од еден во друг оддел  против негова волја, не  постапил согласно член 39 став 8 од Законот за судовите односно не донел писмено образложена одлука, а распоредувањето го извршил само со измена и дополнување на Годишниот распоред;
 
3. Донесена е Одлука за утврдување на бројот на слободни судиски места на десеттата генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители и определен е бројот на 162 кандидати за судии. Проекцијата за бројот на слободни судиски места  за основните судови  е изготвена врз основа на претходно изготвените анализи за потребниот број на судии во сите судови во Република Северна Македонија и бројот на судии кои ќе се пензионираат во 2024 година, 2025 и 2026 година. Во основните судови за навремено и ажурно постапување по предметите бројот на потребни судии изнесува 434, моменталната пополнетост е 272 места, во 2024 година ќе се пензионираат 11 судии, во 2025 година ќе се пензионираат 15 судии и во 2026 година ќе се пензионираат 14 судии или вкупно на крајот на 2026 година ќе бидат пензионирани 40 судии.  Исто така, при проекцијата земено е во предвид дека осмата генерација кандидати на Академијата за судии и јавни обвнители се очекува да ја заврши обуката на крајот на 2024 година и брои 55 кандидати, а Академијата за деветтата генерација запишува 100 кандидати за обука  за судии во основните судови;
 
4. Разгледана е и усвоена е измена на Годишниот извештај за работата на судовите  и тоа по доставени извештаи на Врховниот суд на Република Северна Македонија  и Основниот суд Берово. Судскиот совет  оцени дека Врховниот суд на Република Северна Македонија е ажурен суд и го совладал приливот на предметите и покрај намалениот број на судии и покажал ефикасност во работењето во рамките на расположивите човечки ресурси,  додека   Основниот суд Берово го оцени како неажурен суд, поради тоа што овој суд функционира само со еден судија кој времено е упатен од друг суд;
 
5. Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:
 
УПП бр. 64/24, 84/24; 
УПП бр. 62/24; 
УПП бр. 301/23, 9/24, 23/24, 34/24, 45/24, 56/24; 
УПП бр. 87/24; 
УПП бр. 360/23, 404/23, 30/24, 41/24, 66/24; 
УПП бр. 8/24, 32/24, 83/24; 
УПП бр. 346/23, 399/23, 49/24, 60/24, 70/24, 80/24, 90/24;
УПП бр. 59/24, 69/24, 99/24 и 
УПП бр. 58/24, 68/24 и 88/24.
 
Претставките УПП бр.  28/24, 39/24, 61/24, 71/24 се одложени поради отсуство на членот на Советот кој е известител по наведените претставки, а по предлог на известителите повлечени се претставките УПП бр.65/24, 79/24 и 92/24;
 
6. Формирани се комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
 
7.Советот констатира дека претставката УПП бр.354/23 потребно е повторно да се разгледува и одлучува на седница, по дополнителни извршени извиди.