Соопштение од 400-та седница на Судскиот совет на РСМ - 07.04.2022 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 400-та седница на Судскиот совет на РСМ - 07.04.2022 година

Соопштенија за јавност  |  07.4.2022

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 400-та седница одржана на ден 07.04.2022 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:

  1. Усвоен е:
  • Записникот од 397-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 15.03.2022 година;
  1. Разгледан е извештај од работна посета на Апелационен суд Штип;
  2. Советот при одлучување по Известувањето на Комисијата оцени дека е потребна доработка на предметот и предметот го врати на Комисијата која е должна да достави дополнителен извештај до Советот;
  3. Постапката по 1(едно) барање за утврдување одговорност на судија е продолжена;
  4. Расправаше по Извештаи за констатирана фактичка состојба по барање за поведување постапка за одговорност на судија/претседател на суд:
  • По 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е оддалечен од вршење на судиската функција;
  • По 1(едно) барање утврдено е нестручно и несовесно вршење на судиската функција;
  • По 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради нестручно и несовесно вршење на функција како вршител на должност претседател на суд;
  • По 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради потешка дисциплинска повреда;
  • По 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради нестручно  и несовесно вршење на функцијата како вршител на должност претседател на суд;
  1.  Донесена е Одлука со која е усвоен приговорот поднесен од судија за измена на Годишниот распоред за работа донесен од претседател на суд.
  2. Разгледани се известувања и извештаи;
  3. Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.